Од 29 до 31 Октомври 2019 година во организација на Геодетското друштво на Херцег-Босна, во Неум (Босна и Херцеговина ) се одржа IV Конгрес за катастарот во БиХ, со меѓународно учество. На Конгресот присуствуваа преку 300 делегати од БиХ, 8 држави од регионот и од повеќе меѓународни институции (ЦЛГЕ, Лентматериет и др.).


Тема на Когресот беше „Катастар на недвижности и основни државни регистри“. Презентирани беа 34 труда и презентации во 6 сесии. Со свој труд, под наслов „Модерен катастар во Република Северна Македонија – достигнувања и предизвици“ земаа учество и преставници од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија.
На Конгресот беше организирана и изложба на геодетска опрема и софтвер, дополнително, македонската делегација оствари средби со претставниците од геодетските управи на Хрватска, Црна Гора, Федерацијата Босна и Херцеговина и Република Српска, на кои беа разменети професионални искуства.