Работилница на тема: Новини во измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности и тековното работење на АКН

Работилница на тема: Новини во измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности и тековното работење на АКН

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, на ден 26 октомври 2019 година (сабота), во Александар Палас, со почеток од 9 часот ќе одржи еднодневна работилница за своите вработени на тема: Новини во измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности и тековното работење на Агенцијата за катастар на недвижности.

Повеќе колеги ќе дадат свој осврт за Законските измени и подзаконските акти, нивната практична примена, а ќе бидат презентирани и повеќе други примери од секојдневното работење и како да се надминат проблемите кои се појавуваат при работењето.

Обуката е наменета за правниците и геодетите кои работат на предмети во Центарот за катастар на недвижности – Скопје и подрачните одделенија, како и останатите референти кои работат на предмети. На обуката ќе присуствуваат и државните советници, секторските раководители на регионите и вработените од секторот за внатрешна контрола.

Aгендата за настанот е достапнa на следниов линк.