Вработените од Агенцијата на катастар на недвижности на Република Северна Македонија добија колективен договор со унапредени права од работен однос

Вработените од Агенцијата на катастар на недвижности на Република Северна Македонија добија колективен договор со унапредени права од работен однос

Вработените од Агенцијата за катастар на недвижности денеска, во просториите на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, потпишаа колективен договор со раководството на Агенцијата. Двете страни се задоволни и се сметаат дека со овој договор се унапредени правата од работен однос.

Директорот на Агенцијата Борис Тунџев се надева дека со потпишувањето на договорот вработените ќе ги добијат очекуваните права, бидејќи во него се опфатени поволности кои во изминатиот период не биле предвидени. Колективниот договор и неодамнешното покачување на платите, според директорот Тунџев, треба да биде дополнителна мотивација за вработените во Агенцијата на катастар на недвижности. Според него: „Сите граѓани мора и требаат да излегуваат задоволни од оваа институција бидејќи ги решават горливите проблеми поврзани со имотните прашања, меѓутоа од друга страна, на шалтерите треба да има одговорни вработени кои ќе ја работат својата работа максимално совесно, затоа и беше зголемувањето на платите”, рече Тунџев по потпишувањето на договорот.

Од синдикалната организација на Катастарот се задоволни од потпишаниот договор и од неодамнешното покачување на платите, кои сега се над просекот којшто го имаа претходно.

Задоволни се и од Синдикатот на УПОЗ, од каде посочија дека наишле на одличен соговорник во директорот на Агенцијата и оти на колективниот договор е работено систематски, без условувања.

Претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски потенцираше: „Дојдовме до еден совршен колективен договор кој е одлична стимулација за вработените и во целост ќе ги оправдаме нивните барања. Сакам да апелирам до вработените во Агенцијата на максимална ангажираност за да ја оправдаме довербата што ја имавме од страна на работодавачот и стимулот кој е даден за работа во иднина”.