Почитувани корисници,
Ве молиме да не правите нарачки од категоријата на катастарски производи на Дистрибутивниот систем на АКН – ОССП кои се однесуваат на:
- катастарски планови,
- список на индикации,
- wms слоеви за катастарски парцели и објекти.
Во моментов постојат технички проблеми во системот, а по нивното надминување, дополнително ќе Ве известиме за достапност на овие услуги.
Сите останати производи од Дистрибутивниот систем на АКН – ОССП се достапни за корисниците.
Агенција за катастар на недвижности на Република Северна Македонија