Работни средби помеѓу АКН и РГЗ

Работни средби помеѓу АКН и РГЗ

Во периодот од 19 до 22 март 2019 година, во Скопје, во работна посета на АКН беа колегите од Србија. Работната група составена од претставници од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија и Републичкиот геодетски завод на Република Србија, ги усогласуваше податоците од катастарот на недвижности, со податоците од официјалната гранична документација за државната граница помеѓу двете држави.

На овие работни средби, посебно беа разгледувани и усогласени податоците од изготвената граничната документација за делот од IV Сектор, на кој премерот и изготвувањето на гранична документација го направи македонската страна.