Одржано Годишно собрание на Европскиот совет на геодети (CLGE), од 21 до 23 март во Софија, Бугарија

Одржано Годишно собрание на Европскиот совет на геодети (CLGE), од 21 до 23 март во Софија, Бугарија

Од 21 до 23 март, 2019 година, во Софија, Бугарија се одржа Првото годишно собрание на Европскиот совет на геодетите (CLGE), во чии рамки имаше и семинар. Од минатата година, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија стана придружна членка на овој Совет. Собранието го отвори г. Валентин Јовев, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, кој исто така е геодет по професија.

Првиот ден беше на тема „Предизвиците за геодетите, визија 2030“. Беше одбележан и Светскиот ден на геодетите, а оваа година, за геодет на годината беше избран Лоранд Еотвос од Унгарија.

Во рамки на работниот дел, својата работа ја презентираше и Комората на трговци поединци, овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи во Република Северна Македонија.

На 23.03.2019 година, од страна на претседателите на коморите од Северна Македонија, Албанија и двете комори од Бугарија беше потпишан „Кодексот за професиналните квалификации за геодетите“. Нашата делегација, исто така, оствари поголем број на билатерални средби со делегатите од други земји членки на овој Совет, разменувајќи искуства, новости, стратегии и сл.

За тема на второто Годишно собрание, е избрана „Етиката на пазарот на недвижности“, а на ова Генерално собрание беше одреден и датумот на одржување на Првото генерално собрание наредната година. Домаќин ќе биде Скопје, а ќе се одржи од 2 до 4 април.