Во периодот од 17 до 20 март 2019 година, во рамките на проектот СПАТИАЛ, група вработени од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, од одделението за картографија и фотограметрија беа во работна посета на Холандската агенција за картирање, земјишен регистер и катастар, во градот Зволе.


Во рамките на посетата, геодетите од АКН, од одделението за картографија ја презентираа состојбата со топографските карти и начинот на нивната изработка во Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија.
Потоа тие се запознаа со работните процеси, организацијата и начинот на кој функционира холандскиот сектор за картографија, начинот на кој се врши ажурирање на топографските карти, примената на автоматизацијата, како и примената на „ЛЕАН пристапот“ во работните процеси.