На 7 март 2019 година, се одржа обука за овластените геодети, на тема „Искуства од Холандија од областа на картографијата, НИПП и геодезијата“.
Гостите Хаико ван дер Вегт, проектен менаџер во холандскиот катастар и Јандрик Буленс од универзитетот Вагенинген имаа презентации на следниве теми:
- 3Д топографски карти,
- НИПП и ПДОК,
- Клучни регистри,
- Систем за подземен катастар,
- ЕУ-директиви и упатства за размена на информации.


Оваа работилница беша прва од задолжителните обуки за 2019 година. Воедно беа доделени и сертификатите за посетување на континуираната обука во 2018 година.



