Денеска, 23 јануари, беше одржан состанок на техничко ниво, во врска со имплементацијата на ЛИДАР проектот. На работниот состанок помеѓу претставниците на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и Норвешката агенција за картографија (Statens kartverk) беа презентирани работата на АКН, како и работата на Норвешката агенција за картографија, посебно за делот на проектот со кој треба авионски да биде снимена територијата на Република Македонија.


Потоа, беше разгледан работниот план за снимањето и процедурата за контрола на квалитетот на добиените податоци.
Во вториот дел од работниот состанок беа разгледани можностите за проширување на соработката помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и Норвешката агенција за картографија.