Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија
ја организира четвртата обука за 2018 година, наменета зa овластените геодети, на следниве теми:
I. Измени на Законот за катастар на недвижности
Презентери :
1. Соња Димова – државен советник за геодетски работи во АКН;
2. Сања Волканова Златановска – државен советник за геоматика во АКН;
II. Трансформација на координати
Презентер :
1. Сречко Тасевски – Раководител на Одделение за геодетски работи за посебни намени,
државна граница и катастарско класирање на земјиштето;
Обуката ќе се одржи во М6 – Едукативен центар, на 14 декември (петок) 2018 година.
Целосното соопштение и агенда се достапни на следниов линк.