Се известуваат кандидатите дека на 25.06.2018 година, со почеток во 9 часот во просториите на Правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, ќе се одржи првиот дел од испитот за стекнување со овластување за овластен геодет, а на 12.07.2018 година, со почеток во 9 часот ќе се одржи вториот дел од испитот од јунската испитна сесија.
Се повикуваат кандидатите да се јават на закажаниот термин заради спроведување на испитот.
АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ