Почитувани,
Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија ја организира втората обука за 2018 година, наменета зa трговците поединци – овластени геодети, на следнава тема:
„ГЕОДЕТСКАТА ДЕЈНОСТ ВО РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА“
Поттеми:
- Законска рамка и организациска поставеност;
- Тековни проекти во Геодетската управа на Република Словенија поврзани со модернизирање на процесот на регистрација на недвижностите во Република Словенија;
- Новите надлежности на Геодетската управа на Република Словенија и улогата на приватниот сектор и
- Поставеност на Комората на овластени геодети, права и одговорности, соработка со Геодетската управа на Република Словенија, едукација итн.
Обуката ќе се одржи на 10.5.2018 (ЧЕТВРТОК) во амфитеатарот на Градежниот факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, со почеток од 13 часот.
• Презентер: г. Томаж Петек, Геодетска управа на Република Словенија
Портфолиото на презентерот можете да го најдете на следниот линк.
Целосното соопштение е достапно на следниов линк.