Втората регионална работилница за геопросторни податоци во рамки на регионалниот проект SPATIAL финасиран од страна на Холандското министерство за надворешни работи, во врска со Националната инфраструктура за просторни податоци (НСДИ) и ИНСПИРЕ директивата се одржа на 4 и 5 април 2018 година, во Мостар, Босна и Херцеговина.
Македонија имаше свои претставници на работилницата, во која беа вклучени и претставници од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Република Српска и Албанија, а во последен момент учеството го откажаа Србија и Косово.
Темата на работилницата беше НСДИ и ИНСПИРЕ, а целта пак беше, да се зајакне институционалниот и организацискиот капацитет на вклучените организации во нивната улога како развивач, менаџер и соработник на НИПП платформата.
Покрај пренесувањето на знаењата и елаборирањето на европското и холандското искуство, се работеше во групи, за на крај да се споделат научените лекции и да се разговара за следните чекори.
Во рамките на работилницата беа презентирани искуствата на сите учесници во однос на управувањето, финансирањето, техниката, законодавството, градењето на капацитетите и употребата на Националната инфраструктура за просторни податоци НСДИ.



