Прв глобален Ден на геодетите – 21 март 2018, Вашингтон САД

Прв глобален Ден на геодетите – 21 март 2018, Вашингтон САД

Прв глобален Ден на геодетите – 21 март 2018 и Конференција „Земјиштето и сиромаштијата, управување со земјиштето во меѓусебно поврзан свет“ во Вашингтон САД

21 март 2018 година не е само обична среда -21 март оваа година е денот кој е прогласен за Глобален ден на геодетите ширум светот.

Повеќе организации, посебно ЦЛГЕ (Council of European Geodetic Surveyors) од Европа и НСПС (National Society of Professional Surveyors) од САД, поддржани од Меѓународната федерација на геодети (FIG), го прогласија денот 21 март за глобален ден на геодетите. Овој настан ќе се одбележува секоја година на овој датум, а со него се потенцира важноста на геодетската работа. Оваа година, за прв пат, овој Ден на геодетите ќе биде промовиран во Вашингтон, во Соединетите Американски Држави, во рамките на конференцијата „Земјиштето и сиромаштијата, управување со земјиштето во меѓусебно поврзан свет“ („Land and Poverty Conference 2018: Land Governance in an Interconnected World“).

Делагација на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија на конференцијата „Земјиштето и сиромаштијата, управување со земјиштето во меѓусебно поврзан свет“ во Вашингтон САД

На оваа значајна конференција, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија има свои претставници. Македонија ќе има своја презентација насловена како: Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија, пред и после реформите, научени лекции, бизнис ориентација. Директорот на АКН ќе присуствува на тркалезната маса на која се разговара за иднината на геодетите во современиот свет и ќе се отворат многу важни прашања за иднината на професијата.

Исто така, делегацијата на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија ќе се претстави и со соодветен постер, според предвидениот дневен ред на конференцијата и предвиденото време за постер презентацијата.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.