„Податоците како основа на дигиталното општество“, тема на конференцијата одржана во Софија, од 13 до 15 март 2018 година

„Податоците како основа на дигиталното општество“, тема на конференцијата одржана во Софија, од 13 до 15 март 2018 година

Во периодот од 13 до 15 март 2018 година во Софија, Република Бугарија се одржа конференција и пленарен состанок на Постојаната комисија за катастар на Европската унија. Генерална тема на конференцијата беше „Податоците како основа на дигиталното општество“. На оваа конференција учество земаа околу 120 делегати кои ги претставуваа Европските агенции за катастар, а конференцијата беше во организација на Агенцијата за геодезија, картографија и катастар од Република Бугарија.

Делегација од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија учествуваше на Конференцијата на покана од организаторот, Агенцијата за геодезија, картографија и катастар од Република Бугарија.

Во работниот дел од конференцијата беа реализирани 24 презентации, организирани во три сесии, со следниве теми: Квалитет на податоците, сигурност на податоците и интероперабилноста на податоците. Во првата сесија, АКН се претстави со темата „Агенција за катастар на недвижности, одговорности, податоци и регистри и начинот на нивното ширење“. Понатаму, беа пренесени искуствата од останатите присутни претставници и тоа од областа на катастарот, геодезијата, националната инфраструктура на просторни податоци, контролата на квалитетот на податоците и потребата од соработката меѓу Агенциите од Бугарија, Швајцарија, Шпанија, Данска, Полска, Австрија, Шведска, Холандија, Италија и Македонија, како и Сојузот на геодети на Европа, Сојузот на геодети на Бугарија, академската заедница од Бугарија и други организации.

Агенцијата за геодезија, картографија и катастар од Република Бугарија, беше актуелен претседавач на постојната Комисија за катастар од Европската унија, додека на оваа конференција беше промовирано новото претседателство со Комитетот за втората половина од 2018 година – Федерална канцеларија за метрологија и геодезија на Австрија.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.