Со цел да се користат податоците од Геодетско – катастарскиот информационен систем, преку други државни органи, јавни служби и други правни лица (општини, нотари, извршители, приватни геодетски фирми и др.) во електронска форма, на странките им се пресметува надоместокот во износ од 250 денари за имотен лист.
Доколку сакате да извадите имотен лист за имотот што го поседувате и што е запишан во катастарот на недвижности, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во Центарот за катастар на недвижности – Скопје или било кое Одделение за катастар на недвижности на територијата на Република Македонија и да приложите:
Уплатата може да се врши на шалтерот во Катастарот со платежна картичка на ПОС терминал |
![]() |
![]() |
![]() |
Преземи барање (.pdf) |
![]() |
Купи имотен лист |
| ВАЖНО:
Трансакциите на имот (недвижности), Агенцијата за катастар на недвижности ги регистрира секојдневно, по барање на странка или по службена должност, согласно Законот за катастар на недвижности. Истовремено, во базата на податоци се ажурираат и алфанумеричките податоци (имотен лист) и графичките податоци (катастарски план). АКН својата база во врска со катастарските податоци ја ажурира за помалку од еден час. Тоа значи дека катастарските податоци (имотен лист) како и катастарските планови, веднаш, бесплатно се достапни на увид на јавноста преку порталот на АКН (OSSP – One Stop Shop Portal). Повеќе детали на следниот ЛИНК |







