Делегација од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, на конференција за Национална инфраструктура за геопросторни податоци во Белград

Делегација од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, на конференција за Национална инфраструктура за геопросторни податоци во Белград

На покана од Републичкиот геодетски завод од Белград, делегација од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, на 4 декември 2017 година, учествуваше на еднодневната конференција за НИГП (Национална инфраструктура за геопросторни податоци), со наслов „Пронајди, Поврзи, Прикажи“. Со конференцијата беше одбележан и јубилејот – 180 годишно постоење на геодетската дејност во Република Србија.На конференцијата присуствуваа околу 100 учесници од Србија, претставници од проектите поврзани со НИГП, шведскиот „ИМПУЛС“, холандскиот „СПАТИАЛ“, претставник од Норвешката aгенција за картографија и катастар, како и претставник од англискиот „Ordnance Survey International“.

Беа презентирани достигнувањата во националната инфраструктура за геопросторни податоци во Србија, преку елаборирање на значењето на геопросторните податоци, статусот на НИГП и неговата нова дигитална платформа. Акцент беше ставен на отпочнувањето со работа на новата дигитална платформа, односно на официјализирањето и промоцијата на новиот геопортал Геопортал геоСрбија“.

Во другиот дел од конференцијата, беше пренесено искуството од европските земји во воспоставувањето на НИГП, како и важноста од поврзувањето на геопросторните податоци. Презентираните новитети ќе имаат позитивно влијание во развојот на инфраструктурата на просторните податоци и ќе бидат земени предвид во понатамошниот развој на НИПП во Република Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *