Запишувањето на незапишаните права на недвижностите по востановен катастар на недвижности се врши за недвижности што останале со незапишани права при систематското запишување. За да извршите запишување на незапишаните права на недвижностите по востановен катастар на недвижности, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во катастарското одделение надлежно за територијата на која се наоѓа недвижноста и да приложите:
- пријава во писмена форма;
- правна основа за запишување;
- геодетски елаборат;
- доказ за платен надоместок за услугата во согласност со член 2 од Tарифникот за висината на надоместокот за запишување недвижности кои останале со незапишани права и запишување промени во катастарот на недвижности и катастарот на инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности кој е објавен на веб – страницата на АКН, линк
Вид на запишување | Единица мерка | Висина на надоместок во денари |
За запишување на катастарска парцела – до 1500м2 | 1м2 | 1 |
За запишување на катастарска парцела од 1501м2 до 5000 м2 | 10 м2 | 5 |
За запишување на катастарска парцела од 5001м2 до 20000м2 | 100 м2 | 25 |
За запишување на катастарска парцела над 20001 м2 | 10м2 | 2 |
Запишување на внатрешна површина | 1 м2 | 10 |
За запишување на објекти со отворена површина од типот на отворени спортски игралишта, паркови, плоштади, паркиралишта, зеленила, градби за сепарација на материјал за производство на бетон, гаражни места, комуникациски гаражен простор, трибини и други објекти со отворена површина до 200 м2 | 1 м2 | 10 |
За запишување на објекти со отворена површина од типот на отворени спортски игралишта, паркови, плоштади, паркиралишта, зеленила, градби за сепарација на материјал за производство на бетон, гаражни места, комуникациски гаражен простор, трибини и други објекти со отворена површина од 201 м2 до 1000 м2 | 1 м2 | 5 |
За запишување на објекти со отворена површина од типот на отворени спортски игралишта, паркови, плоштади, паркиралишта, зеленила, градби за сепарација на материјал за производство на бетон, гаражни места, комуникациски гаражен простор, трибини и други објекти со отворена површина над 1001 м2 | 1 м2 | 1 |
Запишување на објекти со волумен/зафатнина | 1 м3 | 10 |
Уплатата може да се врши на шалтерот во Катастарот со платежна картичка на ПОС терминал или на уплатница (образец ПП 50) во банка или во пошта.
Уплатата може да се врши на шалтерот во Катастарот со платежна картичка на ПОС терминал |
|
![]() |
![]() |
Бројот на сметката, на која треба да го уплатите надоместокот за добивање на оваа услуга од АКН, е истакнат (или ќе го добиете) на шалтерот за информации во секое подрачно одделение на АКН.
По извршеното запишување на незапишаните права на недвижностите во востановен катастар на недвижности, можете да поднесете барање за да добиете имотен лист.
![]() |
Преземи барање (.pdf) |