Од 26 до 28.09.2017 година, во Берлин (Германија) се одржа ИНТЕРГЕО 2017, кој се состои од конференција и саем и е најголем настан во светот на геодезијата, геоинформатизацијата и управување со земјиштето. Се одржува секоја година на различни места во Германија. Конференцијата се фокусира на актуелните прашања кои се јавуваат во политиката, администрацијата, науката и индустријата. Постојаната цел на INTERGEO е да ја олесни оптимизацијата на процесите на бројни целни пазари со гео-ИТ потенцијалот што го прикажува. Оваа година, од Агенцијата за катастар на недвижности на истата присуствуваа: Зоранчо Муканов, раководител на Секторот за катастар на недвижности за југоисточен регион, Зоран Бузлиев, раководител на Секторот за катастар на недвижности за североисточен регион и Арен Ќерими, пом.раководител на Секторот за катастар на недвижности за пелагоноски регион.


Целосниот извештај е достапен на следниот линк.