Запишувањето промени во одржување на катастарот на недвижности ги опфаќа промените на податоците за: недвижностите, правата на недвижностите, носителите на правата на недвижностите, предбележувањата како условни укнижувања,предбележувањата на идна градба и прибележувањата.
Во зависност од податоците кои се предметна промена, запишувањето на промените се врши со или без геодетскиелаборат.
За да извршите промена на податоците за недвижниот имот што е запишан во катастарот на недвижности, потребно е :
- да се обратите на шалтерот за прием во Центарот за катастар на недвижности Скопје или во подрачното Одделение за катастар на недвижности при АКН и да приложите:
- пријава во писменаформа ,
- правен основ за запишување, согласно член 174 став 1 од ЗКН,
- геодетски елаборат од приватно геодетско друштво или трговец поединец (во зависност од видот на промената),
- доказ за платен надоместок за услугата согласно Тарифникот.
- Пријавата за запишување на промена задолжително се доставува во електронска форма (по електронски пат) од правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања (нотар,извршител, органи на единиците на локалната самоуправа-Општина и на градот Скопје, судот, јавните обвинителства, државното правобранителство на Република Македонија, министерствата, органите на државата управа, приватни геодетски друштва врз основа на заверено полномошно дадено од носителот на правото, со приложен:
- правен основ согласно член 174 од ЗКН,
- геодетски елаборат, во зависност од видот на промената,
- доказ за платен надоместок за услугата согласно Тарифникот.



