Трговци поединци овластени геодети

Трговци поединци овластени геодети

Воведувањето на приватната геодетска пракса за вршење на оперативните (теренски) геодетски работи од премерот, востановувањето и одржувањето на катастарот на недвижностите и вршење на геодетските работи за посебни намени што се во врска со премерот и катастарот на недвижностите, за прв пат е овозможено со измените и дополнувањата на Законот за премер, катастар и запишување на правата на недвижностите во 2005 година.

Овластен геодет е лице кое положило испит за стекнување овластување за овластен геодет. Овластен геодет може да биде лице државјанин на Република Македонија или на држава-членка на Европската унија. Трговците поединци-овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи, работите ги вршат на целата територија на Република Македонија.

Агенцијата за катастар на недвижности е надлежна институција која ја оджува обуката и испитот наменет за стекнување овластување за овластен геодет како и издавањето на овластување за вршење на оперативните (теренски) геодетски работи од премерот, востановувањето и одржувањето на катастарот на недвижностите и вршење на геодетските работи за посебни намени што се во врска со премерот и катастарот на недвижностите.

Во таа насока Агенцијата за катастар на недвижности води листа на овластени геодети во Р. Македонија.