Агенцијата за катастар на недвижности, како субјект кој согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите ги воспоставува еднаквите можности и еднаквиот третман на жените и мажите, активно е вклучена во процесот на креирање, спроведување и следење на политиките за родовата еднаквост како и во промовирање на начелото за воведување еднакво учество на жените и мажите во областа за која е надлежна. Овие надлежности АКН ги реализира преку соработка со надлежните институции во државата, како и во соработка со граѓанскиот сектор.
Во напорите да се зголеми свеста во однос на родовите прашања, особено во областа на сопственичките права врз земјиштето, АКН ги објавува сите матерјали кои содржат битни податоци и информации во однос на родовата проблематика воопшто, а се со цел на еден транспарентен начин да ја подигне чувствителноста и свеста за оваа проблематика воопшто, а особено во делот на родовата застапеност во земјишната администрација.
Координатор за еднакви можности на жените и мажите
Гордана Коцевска
Телефон: 078 304 885
e- mail: g.kocevska@katastar.gov.mk
Заменик координатор за еднакви можности на жените и мажите
Елеонора Стефановска
Телефон: 075 402 066
e- mail: e.stefanovska@katastar.gov.mk
Материјали од областа на родовата проблематика:
- Закон за еднакви можности на мажите и жените – пречистен текст
- Нацрт национален профил, 2016 година
- Извештај за дводневната работилница од областа на родовите прашања во земјишната администрација за вработените во Агенцијата за катастар на недвижности, 2012 година, Скопје
- Алатки за родово буџетска анализа
- Историја на движењата за еднакви права и развивање на феминизмот, 2012 година
- Водилки на Меѓународната федерација на геометри (FIG Guidelines), 2012 година, Агенцијата за катастар на недвижности
- Родова репрезентација и конструкција во македонската традиција и фолклор и нивниот одраз во современото општество и современите односи, 2012 година
- Што значи вклучувањето на родовата перспектива во процесот на креирање на политиките и зошто е важна
- Анти-дискриминација – размена на добри практики и предизвици
Родова застапеност во однос на сопственоста на земјиштето
Родов баланс и еднакви можности во АКН
- Годишен извештај на органите на државната управа за напредокот на состојбата на еднаквите можности за жените и мажите, март 2021 – март 2022
- Годишен извештај на органите на државната управа за напредокот на состојбата на еднаквите можности за жените и мажите, март 2020 – март 2021
- Годишен извештај на органите на државната управа за напредокот на состојбата на еднаквите можности за жените и мажите, 2019 година
- Годишен извештај на органите на државната управа за напредокот на состојбата на еднаквите можности за жените и мажите, јуни 2018 – март 2019
- Родов баланс и еднакви можности во АКН