Трансфер на знаење и технологија за изработка на дигитални топографски карти во поситни размери Ф3 » Трансфер на знаење и технологија за изработка на дигитални топографски карти во поситни размери Ф1

Трансфер на знаење и технологија за изработка на дигитални топографски карти во поситни размери Ф1

ФАЗА 1

Во Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) во моментов течат активности за изготвување на стратегија за изработка на дигитални топографски карти во поситни размери (1:50000, 1:100000, 1:20000 и 1:500000). Целта е по завршувањето на изработката на топографските карти во размер 1:25000, некаде до крајот на 2011 година, веднаш да се отпочне од една страна со ажурирање на истите, а од друга страна со изработка на дигитални топографскикарти во поситни размери, како логично  надополнување на картографскиот сет на податоци.

Ова е голем предизвик за АКН со оглед на тоа што не располага со никакво претходно искуство во реализација на исти или слични активности.

На барање на АКН, Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) одобри испраќање на двајца стручни експерти од компанијата Kokusai Kogyo, г-дин Keiji Yamada и г-дин Zenichi Chyba,  со цел истите да и помогнат на АКН во дефинирањето на стратегијата за изработка на дигитални топографскикарти во поситни размери.

Keiji Yamada Zenichi Chyba

Во случајот се работи за продолжување на повеќегодишната континуирана поддршка која што JICA и ја дава на АКН во насока на јакнење на нејзините капацитети, преку реализација на конкретни проекти и испраќање на експерти кои што вршат трансфер на знаење на стручните лица од АКН за примена на модерните технологии за премерување, картографија и ортофото продукција.

Реализацијата на активностите ќе се одвива во три фази во текот на 2011 и 2012 година.

Во рамките на проектот предвидено е да се изготви стратегија за изработка на дигитални топографски карти во поситни размери, да се изготват соодветни технички спецификации вклучувајќи и топографски клуч за секој поединечен размер, да се инсталира дополнителна хардверска и софтверска опрема неопходна за идна картографска продукција, да се изврши обука на стручни лица од АКН кои што во иднина ќе работат на изработка на топографските карти во поситни размери и да се изработи по еден лист од секој поединечен размер на топографските карти (1:50000, 1:100000, 1:20000 и 1:500000). Дополнително, на стручните лица од АКН ќе им биде пренесено и знаење за трансформирањена веќе изработените листови од топографските карти од македноскиот државен координатен систем во соодветен глобален координатен систем.

Во периодот од 8.06.2011 год. до 5.07.2011 год. во АКН престојуваше г-динот Keiji Yamada, кој што заедно со одбрани  стручни лица од Одделението за картографија при АКН работеше на реализација на активностите предвидени за првата фаза од проектот.

Презентација на г-дин Keiji Yamada

Во оваа фаза се работеше на вршење на анализа на постојните картографски податоци во АКН (нови и стари топографски карти од различни размери), на постојната регулатива со која се третира изработката и дистрибуцијата на топографските карти (закон, правилници, спецификации, прирачници за работа и сл.), како и на одредени регионални искуства од оваа област.

Работни активности во Одделението за картографија

Како резултат на горенаведените активности, во оваа фаза,  изготвена е нацрт-стратегија со временска рамка за изготвување на картите од поситни размери, изготвени се нацрт-технички спецификации и соодветни топографски клучеви за сите поединечни размери. Истите ќе бидат предмет на доработка во Јапонија, по што ќе следува нивно усогласување и дефинитивно усвојување во АКН при реализацијата на втората фаза од проектот, некаде во октомври 2011 год., за кога се предвидени и серија на обуки за вработените од  Одделението за картографија при АКН.

За информации за ФАЗА 2 кликнете тука.

За информации за ФАЗА 3 кликнете тука.