Трансфер на знаење и технологија за изработка на дигитални топографски карти во поситни размери Ф3 » Трансфер на знаење и технологија за изработка на дигитални топографски карти во поситни размери Ф2

Трансфер на знаење и технологија за изработка на дигитални топографски карти во поситни размери Ф2

ФАЗА 2

Во периодот од 27.09.2011 до 19.11.2011 година во рамките на втората фаза од реализацијата на проектот ”Изработка на дигитални топографски во поситни размери” во Агенцијата за катастар на недвижности престојуваше г-динот Zenichi Chyba, јапонски експерт задолжен за спроведување на трансфер на технологија за изработка на топографски карти во среден размер (1:50000 и 1:100000) и ситен размер (1:200000 и 1:500000).

Zenichi Chyba

Основа за изработка на дигиталните топографски карти во поситни размери ќе бидат податоците од дигиталните топографски карти во размер 1:25000, со тоа што ќе се применат соодветни техники за картографска обработка на податоците. Одлучено е топографските карти во размер 1:50000 и 1:100000 да се изготвуваат во Adobe Illustrator околина со користење на податоците од базата за печатење на топографски карти во размер 1:25000, а топографските карти во размер 1:200000 и 1:500000 да се изготвуваат во ArcGIS околина со користење на податоците од топографската база на податоци во размер 1:25000.

Во оваа фаза беа инсталирани и ставени во функција одредени софтвери за картографска обработка на податоци донирани од Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA).

Се работи за следните софтвери:

–  Adobe Illustrator CS5.1                    …  2 лиценци

–  Adobe Photoshop CS5.1                   …  1 лиценца

–  Avenza MAPublisher 8.5                   …  2 лиценци

–  Avenza MAPublisher Label Pro 8.3      …  2 лиценци

–  Avenza Geographic Imager 3.3          …  1 лиценцa

Практична обука во Одделението за картографија

Од страна на јапонскиот експерт беа изготвени соодветни прирачници за користење на горенаведените софтвери и беше спроведена обука на стручни лица од Одделението за картографија за користење на софтверите. Воедно, спроведена беше и основна обука за работа во ArcGIS околина.

Во текот на обуките стручните лица од Одделението за картографија се стекнаа со основни познавања од областа на картографската генерализација и нејзината практична примена. Се запознаа со постапките за поедноставување на објектите, линиите и полигоните, постапките за селекција на одредени елементи според нивната важност, постапките за поместување на елементите во зависност од дефинираните приоритети и слично.

Драфт листови од ТК 50000 Драфт лист од ТК 200000

Како резултат на спроведната практична обука изготвени беа драфт верзии на два лиса од топографската карта во размер 1:50000 (Гостивар 2 и Охрид 3) и на еден лист од топографската карта во размер 1:200000 (Битола) и беше извршена евалуација на квалитетот на изготвените карти.

Евалуација на изготвените драфт верзии на карти

На крајот од оваа фаза со помош на јапонскиот експерт беа испробани техниките за вршење на трансформација на податоците од топографските карти од македонскиот државен координатен систем во глобален координатен систем со користење на алатките од ArcGIS софтверот.

За информации за ФАЗА 1 кликнете тука.

За информации за ФАЗА 3 кликнете тука.