Регионалниот проектот – Strengthened Professional Access To Information About Land (SPATIAL) in the Western Balkan Region – финасиран е од страна на Холандското министерство за надворешни работи во рамките на МАТРА предпристапната програма. МАТРА програмата управувана е од страна на Министерство за надворешни работи на Кралството Холандија и има за цел да даде подршка на земјите од Регионот на Југоисточна Европа во процесот кон приклучувањето во Европската унија. Преку Регионалниот МАТРА проект се планира да им се помогне на земјите од Западен Балкан во процесот на хармонизирање и подобрување на пристапот до расположливите геопросторни информации. Пристапот, транспарентноста и користењето на професионалните геопросторни податоци ќе овозможат носење на ефикасни и ефективни одлуки и водење политики од кои најголеми продобивки би имало општеството во целина.
- Проектна компонента за Агенцијата за катастар на недвижности, Република Македонија,
- Проектна компонента за Републичкиот геодетски завод, Република Србија, и
- Регионална проектна компонента.
- Зголемено користење на геопросторните податоци и сервиси преку националниот Геопортал на Република Македонија,
- Подготовка на план за комплетирање на Адресниот регистер во Република Македонија,
- Зајакната институционална структура и управување,
- Зајакнати институционални и организациски капацитети на АКН, при вршењето на функционалностите насочени кон обезбедување сервиси,
- Зголемено користење на геопросторните информации во функција за масовната проценка,
- Зајакната свесност и познавање на концептот на отворени податоци.