Како дел од билатералната програма за поддршка на земјите-кандидати на Европската унија, Холандската влада ù додели донација на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН), во висина од 200.000 евра.
Донацијата е резултат на досегашната успешна соработка помеѓу АКН и Холандскиот катастар и ќе биде фокусирана на обезбедување поддршка во развојот на Стратегија за Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП). НИПП е рамка на просторни податоци, метаподатоци, корисници и алатки кои се интерактивно поврзани и има цел користење на податоците на ефикасен и флексибилен начин.
| Цели на стратегијата | Моментален статус | Идна состојба |
| Дефинирање на јасна цел | Различни перспективи и сфаќање на целта на НИПП | Унифицирана стратешка мисија и визија која ќе ги ангажира корисниците и преку која ќе се реализира нивната заемна корист |
| Бизнис случај | Недефинирана општествена и политичка вредност на НИПП и недефинирани бенефиции од НИПП кај засегнатите страни | Јасен бизнис-случај кој ќе ја артикулира заемната корист кај засегнатите страни, добро дефиниран модел за бизнис и за финансирање кој ќе овозможи ефикасно партнерство со јасни трошоци и бенефиции |
| Владина структура | Неформално конституирано тело за управување и координација со НИПП | За дефинирана управувачка структура со урамнотежена застапеност, потребно е добивање политички ангажман и координација на заедничките активности и соработка со приватниот сектор |
| Правна рамка | Структуриран закон за создавање на НИПП | Дефинирана правна рамка со која ќе се разјаснат улогите, и одговорноста и споделувањето на податоците |
| Интероперабилна инфраструктура | Податоците тешко се пронаоѓаат, набавуваат и се користат поради различните стандарди и услови во кои се создадени податоците | Хармонизирана и стандардизирана основна инфраструктура која ќе овозможи лесен пристап и пронаоѓање на просторните податоци и нивно користење на поефикасен и поефективен начин |
| Градење на капацитетите | Ограничена совест и знаење за предностите и подобрувањето на интероперабилноста и транспарентноста. Ограничени технички капацитети за имплементација на НИПП | Подобрено знаење, свест и ангажирање на сите засегнати страни, зголемување на степенот на соработка и заедничка работа во корист на двете страни |
| Имплементациски план | Моментално не постои јасен патоказ во кој е дефинирано што треба да се направи и како да се создаде НИПП | Дефиниран план за имплементација со прегледна програма, дефинирани улоги и одговорност со ефикасни мерки за следење и управување со евентуалните ризици |
Проектната имплементација започна во декември 2010 година и се планира да заврши до јуни 2012 година.
Покрај АКН, во проектот активно ќе бидат вклучени и претставници од министерствата и науката.



