Катастар на недвижности и регистрација » Катастар на недвижности и регистрација Фаза 2

Катастар на недвижности и регистрација Фаза 2

Со воспоставувањето на катастар на недвижностина целата територија на Република Македонија, приоритетите на Владата на Република Македонија и Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) беа заокружување на реформите во Kатастарот. За таа цел, Владата на Република Македонија, во септември 2009 година побара дополнително финансирање на проектот „Катастар на недвижности и регистрација” (КНР), со нов заем од Светска банка.

Договорот за дополнителното финансирање на Проектот КНР е потпишан на 24 септември 2010 година, а започна со ефективно применување  на 11 ноември 2010 година. Првичниот краен датум за завршување на активностите во рамките на дополнителното финансирање на Проектот КНР беше 31.12.2013 година.

Со aмандман на Договорот за заем, потпишан на 11 септември 2013 година помеѓу Светска банка и Министерството за финансии во име на Владата на Република Македонија, продолжен е рокот за завршување на Проектот КНР до 30 јуни 2015 година.

Аранжманите за управување со Проектот КНР останаа исти.

Главна агенција која го имплементираше Проектот и во втората фаза повторно беше АКН, додека втора институција – Управата за имотно правни работи при Министерството за финансии (УИПР)беше одговорна за имплементација на 6-тата компонента.

Активностите од дополнителното финансирање беа насочени кон комплетирање на дигиталните катастарски планови и кон создавање платформа за систем на географски информации засновани на интернет (веб-ГИС) за размена и дистрибуција на податоци. Овиеактивности требашеда овозможат комплетна покриеност на целата територија на земјата со основни сетови на дигитални просторни податоци. Беше планирано новите активности да поддржат и дополнителен развојна политики за потребите на АКН и Владата на Република Македонија во развојот на Стратегија за Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП), како и помош при исполнување на условите и критериумите на директивата ИНСПИРЕ (бр.1205/2008) на Европската унија.

Развојната цел на Проектот КНР и во втората фаза на имплементација остана непроменета: создавање ефикасен и ефективен систем за катастар на недвижности и запишување, придонесувајќи кон развојот на ефикасни пазари на недвижности и земјиште.

Од постојните 4 компоненти на Проектот (во првата фаза), до отпочнување на втората фаза,комплетирана бешекомпонентата 1. Воспоставување катастар на недвижности. Нови активности беа додадени во компонентите 2 и 3, додека компонентата 4. Управување со Проектот продолжи во истиот формат, т.е. остананепроменета. Најголем дел од новите активности се вклучени во рамките на компонентите 5 и 6.

Дополнителното финансирање ги поддржа следните активности:

а) Компонента 2. Институционално зајакнување

– активности со цел да се обезбеди потребен софтвер, како и приспособување на функциите за финансиско управување, човечки ресурси, набљудување и известување во АКН за да може Агенцијата да продолжи по својот пат кон самофинансирање и целосна ориентација кон потребите на клиентите; продолжување на јавните кампањи и поддршкапри спроведување на редовни анкети за клиентите и истражувања на пазарите.

б) Компонента 3. Развој на земјишна политика

– поддршка за развој на дополнителни политики за изработка на Стратегија за Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП), како и исполнување на критериумите и условите на директивата ИНСПИРЕ (бр.1205/2008) на Европската унија. Работата на неколку клучни теми за политики продолжи и во втората фаза со изготвување на повеќе студии (за управување со државно земјиште, за решавање на проблемот со бесправно изградените објекти, за формирање на фонд за обесштетување), имајќи ја предвид нивната важност за развојот на земјишната политика во земјата.

в) Компонента 5. Дигитални катастарски планови и веб-ГИС

Активностите кои беа вклучени во оваа компонента се однесува на: дигитализација и векторизација на постојните планови и контрола на квалитетот; ажурирање на базата на податоци на дигиталните катастарски планови и подобрување на софтверот за одржување на дигиталните катастарски планови и тренинг; создавање платформа за размена и дистрибуција на податоците со јавноста, приватниот сектор и други владини институции; надградба на националната референтна инфраструктура.

г) Компонента 6. Поддршка на Управата за имотно-правни работи

(УИПР) – оваа компонента обезбеди техничка поддршка и тренинг за УИПР; набавка на опрема и умрежување со цел овозможување подобри услуги на граѓаните; автоматизација на записите за приватизација и архивската документација со цел создавање на дигитална база за подобро пребарување и управување; реновирање и опремување на канцеларискиот простор со цел подобрување на шалтерскиот дел.

Документи: