Поради погрешно, или несоодветно извршена уплата, по барање на професионалните корисници на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности, можат лично да достават барање (образецот кој можете да го најдете на оваа страница подолу) до архивата на Агенцијата за катастар на недвижности, или тоа да го направат преку долунаведениот маил, прикачувајќи го пополнетото барање.
За квалитетно и навремено завршување на постапката, барањето ги содржи следните податоци:
- Подносител – Име на корисникот и адреса (физичко лице), или назив на правниот субјект со ЕМБС и адреса;
- Контакт телефон и е-маил адреса;
- Број и датум на нарачката;
- Трансакциска сметка на која треба да се вратат неискористени или погрешно уплатени средства и назив на банката;
- Приложени докази
- Краток опис (образложение) зошто се бара повратот;
- Потпис за физичките лица, или потпис и печат за правното лице;



