Е-кат шалтер » Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

Прашање: Дали можат да добијат сертификат (електронски потпис) и други вработени од нотарска канцеларија или приватна фирма за да можат да ги потпишуваат имотните листови?
Одговор: Да, може да се одреди друго лице, вработено во канцеларијата на нотарот или приватната геодетска фирма за да го издава и да го потпишува имотниот лист.

Прашање: Каква хартија ќе користат нотарите и приватните фирми за имотните листови (во боја кои ќе бидат дадени од страна на Катастар)?
Одговор: Нотарите ќе користат обична хартија за печатење. Печатењето може да биде на ласерски црно-бел печатач.

Прашање: Дали може да се користи имотниот лист издаден од приватна геодетска фирма, кај нотар или друг орган, и обратно, ако е издаден кај нотар дали може да го користи во приватна фирма? Дали ќе го користи само за сопствените потреби: нотарски акт, геодетски елаборат и др.?
Одговор: Имотниот лист издаден преку системот „е-кат шалтер“ во нотарската канцеларија, приватната геодетска фирма или Општината, може да се користи на кое било место каде што е потребен доказ за сопственоста на одреден недвижен имот.

Прашање: Како да поднесам хипотека ако имам имотни листови кои припаѓаат во различни општини?
Одговор: Во овој случај за различни катастарски општини се создаваат толку барања колку што има општини (пр. ако има имотни листови од Кисела Вода и Карпош се создава едно барање за имотните листови од Кисела Вода и друго барање за имотните листови од Карпош), и притоа соодветно да биде поделен бројот на недвижности по катастарски општини по барање (во секое барање се запишува бројот на недвижноста за соодветната општина) за да биде точно пресметана наплатата. Истата процедура важи за сите постапки кои имаат имотни листови од различни катастарски општини.

Прашање: Што треба да направам кога при најавување на апликацијата се појавува HTTP Status 500?
Одговор: По истекот на валидноста на дигиталниот сертификат, тој се продолжува што значи обнова на серискиот број на сертификатот. За да можете да продолжите со користење на нашата апликација, потребно е серискиот број на сертификатот да го исчитате според упатството дадено ТУКА и да го доставите до нашиот центар за поддршка на корисници на е-пошта info@katastar.gov.mk. Откако ќе биде направена промената на серискиот број на сертификатот, Вие ќе добиете повратен одговор од центарот со што ќе можете да продолжите со користењето на апликацијата „е-кат шалтер“.

Прашање: Не можам да се најавам на Cisco Any Connect VPN клиентот?
Одговор: Најавата на клиентот се остварува со корисничко име и лозинка кои Ви се доставени на електронската пошта која ја имате оставено во вашето барање за регистрација. Во случај ако ги имате заборавено или загубено овие податоци, потребно е да пријавите во нашиот центар за грижа на корисници на телефонскиот број 02/ 3 171 733 или на info@katastar.gov.mk и да ги оставите вашите податоци. Подоцна ќе Ви бидат доставени корисничките податоци за да обезбедите пристап до апликацијата.

Прашање: Кога ќе се најавам на Cisco Any Connect VPN клиентот, се јавува порака за погрешна лозинка?
Одговор: Лозинката која Ви е доставена на вашата електронска пошта задно со другите кориснички податоци, потребно е да ја ископирате и да ја внесете како што е зададено со празните места измеѓу. Притоа, важно е да не се копираат празни места пред или по истата, што може да биде причина поради непрепознавање.

Прашање: Кога ќе се најавам на апликацијата „е-кат шалтер“, се јавува порака траењето на лозинката е истечено?
Одговор: По изминувањето на 90 дена од промената на лозинката, потребно е истата повторно да биде променета. Новата лозинка која си ја задавате, потребно е да биде во должина од најмалку 8 карактери, да содржи барем една голема буква и баре, еден специјален карактер.  Доколку сè уште не можете да се најавите на апликацијата, контактирајте го центарот за грижа на корисници.