Политика за заштита на личните податоци
Вовед
Агенцијата за катастар на недвижности (во натамошен текст АКН) за заштита од неовластен пристап и користење на личните податоци на своите корисници и субјектите за кои чува/обработува податоци, ги презема сите потребни технички и организациски мерки, согласно: законската регулатива и подзаконските акти кои се однесуваат на заштитата на личните податоци, Правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци на АКН и др. документи донесени во оваа област.
Употреба и обработка на личните податоци
- АКН прeзема мерки на тајност и заштита на обработката на личните податоци со примена на технички и организациски мерки со кои се обезбедува:
-
- доверливост – заштита на информациите од неовластено откривање и пристап;
- интегритет – обезбедување на точност и целисходност на информациите и методите на обработка;
- расположивост – обезбедување пристап на овластените корисници до информациите и информациските системи кога е потребно.
- Личните податоци се собираат за конкретни, јасни и законски утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели;
- АКН ќе ги даде личните податоци на користење, на со закон утврдени надлежности;
- Обработката на матичниот број на субјектот, за остварување на со закон утврдени права или обврски на субјектот на личните податоци и во други случаи утврдени во Законот за катастар на недвижности;
- Објавување на матичниот број на граѓанинот само во согласност со законските прописи;
Субјектите за кои АКН чува лични податоци имаат право на увид и исправка на личните податоци кои ги обработува АКН.
Заштита од злоупотреби
АКН ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап како и од нивна злоупотреба, користејќи редовни контроли и најнови технолошки механизми и достигнувања во оваа област.
Офицер за заштита на лични податоци – Петар Сибиновски – тел. 075402908, e.mail: p.sibinovski@katastar.gov.mk.