Податоци од ГКИС

Податоци од ГКИС

Доколку сакате да добиете податоци за  точки од oд геoдетските референтни мрежи, потребно е да поднесете барање до Агенцијата за катастар на недвижности односно до нејзините организациони облици надлежни за издавање на податоци, како и преку други државни органи, јавни служби и други правни лица кои податоците ги добиваат во електронска форма потпишани од Агенцијата врз основа на сертификат издаден од овластен издавач. Барањето за издавање на податоци од ГКИС може да се поднесе во писмена или во електронска форма. Кон барањето потребно е да се приложи и доказ за платен надоместок за услугата. Бараните податоци за точки oд геoдетските референтни мрежи може да се добијат во хартиена и електронска форма.