Односи со јавност » Политика за заштита на лични податоци

Политика за заштита на лични податоци

Агенцијата за катастар на недвижности (во натамошен текст: АКН)  во рамките на својот делокруг на работење, а со цел извршување на својата основна дејност во доменот на прибирање, обработка, одржување, управување, користење, дистрибуција, издавање и единствен пристап  кон податоците од катастарот нанедвижностите, врши собирање, чување и обработка на лични податоци.

Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, АКН е Контролор на лични податоци, а Субјекти на лични податоци се физичките и правни лица  кои се посетители на веб страната и веб порталите кои се составен дел на оваа веб страница. 

Приложената политика за заштита на лични податоци објаснува како ги користиме Вашите лични податоци генерирани на оваа страница. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Политиката за заштита на лични податоци се однесува за веб страницата www.katastar.gov.mk.

Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени и се појавува на дното од страницата.

Објавите во Политиката за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана.

Притоа, Ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе ја посетувате нашата веб страница со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на вашите лични податоци.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на личните податоци и согласно прописите од Законот за катастар на недвижности (во натамошен текст: ЗКН)

Прибирање на информации

Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: Име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се исполнат вашите барања за информација или услуги кои ги нуди веб страницата на Агенцијата за катастар на недвижности www.katastar.gov.mk за различни форми на користење на услуги преку веб порталите кои се составен дел на оваа веб страница.

Агенцијата ги прибира и обработува личните податоци  согласно Законот за катастар на недвижности .

Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат. 

Заштита на вашата сметка

Вашата лозинка е клучот од Вашата сметка. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам. Доколку Вашето корисничко име е идентично со Вашата лозинка, возможно е лесно користење на Вашиот идентитет при користење на било какви активности на веб страницата.

Користете броеви, букви и специјални знаци и не ја откривајте Вашата лозинка никому.

Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз Вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности направени во Ваше име. Заради тоа, доколку Вашата лозинка е компромитирана од било која причина, веднаш известете нè и променете ја лозинката. 

Cookies / Технологија на следење

Оваа веб страница може да употребува колачиња (cookies) и технологија на следење во зависност од понудените форми. Cookies и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб страницата и употреба на веб страницата од страна на посетителите. Cookies исто така придонесуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку Cookies. 

Oбврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имаат пристап кон овие информации.

Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат.

Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци. 

Права на субјектот на личните податоци 

Кога податоците се прибираат од субјектот на лични податоци тој мора да биде информиран за:

  • идентитетот на контролорот и неговиот овластен претставник во Република Северна Македонија, ако го има;
  • целите на обработката;
  • корисниците или категориите на корисници на личните податоци;
  • задолжителноста на давање на одговори на прашања кои вклучуваат лични податоци;
  • можните последици ако не се даде одговор и
  • постоењето на право на пристап и право на исправка на неговите лични податоци.

Кога податоците не се прибираат од субјектот на лични податоци, АКН во времето на евидентирање на личните податоци, а ако е предвидено личните податоци да бидат откриени на трето лице најдоцна до моментот кога податоците првпат се откриени, мора да го информира субјектот на лични податоци за:

  • идентитетот на контролорот и неговиот овластен претставник во Република Северна Македонија, ако го има;
  • целите на обработката;
  • категориите на податоци;
  • корисниците или категориите на корисници на личните податоци и
  • постоењето на право на пристап и право на исправка на податоците што се однесуваат на субјектот на лични податоци.

АКН нема обврска да го информира субјектот на лични податоци, за обработка на личните податоци за историски, научни или статистички цели, ако:

  • истото е невозможно или бара несразмерен напор или трошоци или
  • собирањето односно откривањето на личните податоци е утврдено со закон.

Ограничувања на правата на субјектот на лични податоци 

Правата на субјектот на лични податоци утврдени во претходните точки можат да се ограничат во посебни случаи кога со нивното практикување ќе се загрози остварувањето на обврските на АКН предвидени со закон и тоа:

  • за заштита на безбедноста и одбраната на државата;
  • заради откривање и гонење на сторители на кривични дела;
  • заради заштита од повреда на етички правила на одредена професија;
  • заради заштита на важни економски или финансиски интереси на државата;
  • заради заштита на важни економски или финансиски интереси на Европската унија и
  • заради заштита на правата и слободите на субјектот на лични податоци или правата на другите физички лица.

АКН нема да постапи по барањето за доставување на информации за обработка на личните податоци од страна на субјектот на лични податоци кога е овластен согласно со закон и ако личните податоци се обработуваат исклучиво во научно истражување или ако се собрани исклучиво за утврдени статистички цели и се чуваат за период што не го надминува периодот потребен за единствена цел за создавање на статистички податоци.

Барање на информации од страна на субјектот 

Субјектот на лични податоци може да побара од АКН да го информира:

  • дали се врши обработка на неговите лични податоци;
  • за целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци;
  • за личните податоци во врска со субјектот на личните податоци и изворот на податоци и
  • за логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која има влијание врз субјектот на лични податоци.

За таа цел постои посебен образец, Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци (Прилог 1), објавено на Интернет страната на АКН.

Субјектот на лични податоци може да го достави Барањето до АКН, и истото потоа се проследува до Офицерот за заштита на личните податоци кој ги собира потребните информации за обработка на личните податоци на субјектот и доставува одговор на Барањето.

АКН е должен да одговори на уредно доставеното барање од страна на субјектот на лични податоци во рок од 15 дена од денот на приемот на истото.

Доколку АКН еднаш одговорил на ваквото барање од страна на субјектот на лични податоци, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.