НИПП

НИПП

Национална инфраструктура на просторни податоци претставува збир од метаподатоци, збирки напросторни податоци и услуги за просторни податоци, технологии, договори за размена,пристап и користење, механизми, процеси и постапки за координација и следење што се воспоставени, функционираат и се достапни во согласност со законот за Национална инфраструктура на просторни податоци во Р. Македонија. НИПП всушност воспоставува технолошка, правна и административна рамка за меѓуинституционална соработка која ги поддржува иницијативите за е-влада и го овозможува интегрирањето на просторните податоци од различни извори во една мрежа.

Агенцијата за катастар на недвижности е надлежна за воспоставување, одржување и обезбедување на јавен пристап до геопорталот за НИПП, одржување на услуги за метаподатоци, регистар на метаподатоци и обуки поврзани со нив. Во рамката на огранизационата структура на Агенцијата за катастар на недвижности е формирана и функционира организациона единица за административно-техничка поддршка на НИПП.

Во рамките на националниот геопоратл сите именувани членови на Советот на НИПП кои располагат со просторни податоци во нивна надлежност се должни да извршат публикување на метаподатоци, збирки на просторни податоци и услуги за просторни податоци на националниот геопортал. Во таа насока и Агенцијата за катастар на недвижности креира и публикува метаподатоци, збирки на просторни податоци и услуги за просторни податоци за дел од збирките на податоци кои се во надлежност на Агенцијата. Публикувањето на метаподатоци, збирки на просторни податоци и услуги за просторни податоци се вршат согласно национланите и европските – INSPIRE прифатени стандарди.

НИПП инфраструктурата вклучува низа ставки кои бараат јасни описи и можност да се повикуваат по пат на единствени идентификатори. Примери за такви ставки се НИПП темите, кодните листи, апликациските шеми или сервисите за пребарување. Регистарот обезбедува средства за доделување на единствениот идентификатор за ставките, нивните ознаки, дефиниции и описи на различни јазици. НИПП регистарот обезбедува централен пристап до бројни регистри кои се администрирани од НИПП. Содржината на тие регистри се темели на законот за НИПП во Р.Македонија, INSPIRE директивата, правилата за изведба и техничките насоки.

Во рамките на НИПП порталот, Агенцијата за катастар на недвижности ги има изработено и публикувано следниве регистри:

  • INSPIRE речник
  • INSPIRE речник на функционален концепт –

INSPIRE речникот на функционален концепт (IFCD) претставува речник на функционален концепт за сите спецификации на податоци согласно INSPIRE. Речникот на функционален концепт содржи поими и дефиниции потребни за специфицирање на тематски типови на просторни објекти и негова главна улога е да ги поддржи напорите за хармонизација и да ги идентификува конфликтите помеѓу спецификациите на типовите на просторни објекти во различни теми.

  • НИПП регистар на заинтересираните страни –  ги содржи имињата на заинтересираните страни кои се вклучени во НИПП.
  • НИПП регистар на координатни системи – дава информации на координатни системи кои се користат и применуваат во НИПП.
  • НИПП регистар на теми – ги содржи сите просторни податоци, согласно дефиницијата од законот за НИПП во Р.Македонија. Описите на темите се темелат на законот.