Во периодот 26-28 jуни 2017 година, во рамките на проектот SPATIAL финансиран од Кралството Холандија и во реализација на холандскиот катастар, се одржа тридневна национална работилница на темата „Воспоставување Адресен регистар во Република Македонија“. Регионалниот проект – Strengthened Professional Access To Information About Land (SPATIAL во регионот на Западен Балкан – е финансиран од страна на холандското Министерство за надворешни работи во рамките на МАТРА-претпристапната програма.
Преку регионалниот проект МАТРА се помага на земјите од регионот во процесот на хармонизирање и подобрување на пристапот до расположливите геопросторни информации. Во однос на Репубика Македонија, проектот треба да овозможи поддршка за зголемено користење на геопросторните податоци и сервиси преку националниот геопортал на Република Македонија, подготовка на план за комплетирање на Адресниот регистар во Република Македонија, зајакната институционална структура и управување, зајакнати институционални и организациски капацитети на Катастарот при вршењето на функционалностите насочени кон обезбедување сервиси, зголемено користење на геопросторните информацииза масовна проценка и зајакната свесност и познавање на концептот на отворени податоци. На работилницата учество зедоа претставници од Агенцијата за катастар на недвижности, Министерството за внатрешни работи, Централниот регистар, Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје и од приватните геодетски фирми ангажирани за прибирање на адресните податоци од терен.


![]() |
![]() |
Од страна на претставниците на Агенцијата за катастар на недвижности се изврши презентација на предлог-законот за Адресен регистар, се презентира мобилната апликација за собирање на адресните податоци од терен, системот за контрола на квалитет на собраните адресни податоци од терен и воопшто предизвиците со кои се соочуваме при воспоставувањето на Адресниот регистар.
![]() |
![]() |
Експертите од холандскиот катастар на работилницата ги презентираа своите искуства и како експерти во таа област предложија одредени предлог-решенија за истакнатите предизвици со кои се соочувааме при воспоставувањето на Адресниот регистар со цел да создадеме поефикасенадресен регистар.