Изготвување стратегија за трансформација на македонскиот државен координатен систем во глобален координатен систем Ф2

Изготвување стратегија за трансформација на македонскиот државен координатен систем во глобален координатен систем Ф2

ФАЗА 2

                                                                                   
Во периодот од 11.11.2009 година до 9.12.2009 година во Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) по втор пат престојуваше г-динот Г-дин Kohei Miyagawa од Географскиот институт за премерување (GSI) од Јапонија со цел да и помогне на АКН во дефинирањето на стратегија за трансформација на Државниот координатен систем во глобален координатен систем.

Во горенаведениот период Г-динот Miyagawa и стручни лица од Секторот за геодетски работи заедничи работеа на анализа на податоците за постојните геодетските референтни мрежи во Република Македонија, како и на анализа на  искуствата на поранешните југословенски републики кои што веќе имплементирале одреден глобален координатен референтен систем и избрале или имплементирале одреден метод за трансформациоја (Словенија, Хрватска и Србија).

Во деновите 19.11.2009 и 20.11.2009 год. група на стручни лица од АКН составена од Димески Сашо – Раководител на Секторот за геодетски работи, Миле Варошлиески – консултант геодет од Sida проектот и Г-динот Miyagawa остварија посета на Републичкиот геодетски завод (РГЗ) на Србија и на Институтот за геодезија при Градежниот  факултет во Белград, со цел да се разменат одредени искуства од доменот на Основните геодетски работи.

Во РГЗ остварена е средба со Раководителот на Секторот за Основни геодетски работи, Г-динот Владимир Миленковиќ, кој ги презентираше актуелните состојби и идните активности во Република Србија во однос на развојот на современите геодетски референтни мрежи: активната GNSS мрежа (AGROS), пасивната GPS мрежа (SREF), нивелманската и гравиметриската мрежа, како и одрдувањето на геоидот за Република Србија.

Посета на РГЗ во Белград

Претставниците на АКН и Г-динот Miyagawa го посетија и контролниот центар на AGROS каде што имаа можност да го видат неговиот нов дизајн и да се запознаат со начинот на неговото функционирање.
Се разговараше и околу идната меѓуинституционална соработка во поглед на поврзувањето на мрежите од активни GNSS станици MAKPOS и AGROS и меѓусебната размена на податоци.
Во Институтот за геодезија при Градежниот  факултет во Белград остварена е средба со Професор Др. Драган Благојевиќ кој ги презентираше резултатите од Студијата за избор на оптимален модел за трансформација на Државниот координатен систем на Република Србија во Глобален координатен систем.
На оваа средба присуствуваа и претставниците од Балканската канцеларија на JICA, Г-дин Yohei Takashi и Г-ца Ана Стаматовиќ.

Дискусии на Факултетот за геодезија во Белград

Од страна на Г-динот Miyagawa и на претставниците на АКН, посетата на РГЗ и на Институтот за геодезија во Белград, е оценета како многу корисна. Во рамките на истата добиени се многу битни информации и податоци, значајни за идното дефинирање на стратегијата за трансформација на македонскиот Државен координатен систем во Глобален координатен систем.

За информации за ФАЗА 1 кликнете тука.

За информации за ФАЗА 3 кликнете тука.