в.д. Раководител: Томица Младеновски, дипл. економист
Телефон: (02) 3204 803
Е-пошта: finansii@katastar.gov.mk
Во Секторот за финансиски прашања се вршат работи што се однесуваат на:
- изготвување на буџет, контрола на извршување на буџетот и стратешкиот план;
- управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата;
- следење на остварување на приходите и извршување на трошоците, буџетско и финансиско известување;
- следење и реализација на договори за јавни набавки и контрола на комплетноста и исправноста на целокупната документација, ех-анте и ех-пост контрола;
- евиденција на преземени обврски, пријавување и поднесување на барања за плаќање до трезор;
- пресметување и исплата на плата, придонеси, надоместоци и запирања од плата по разни основи;
- подигање готовина, исплати и уплати и благајничко работење;
- сметководствено евидентирање на извршување на буџетот и изготвување на годишна сметка;
- изготвување на Годишен финансиски извештај и извештај за реализирани програми и проекти.