в.д. Раководител: Донка Гаџовска, дипл. правник
Телефон:(02) 3204 818
Е-пошта: covecki.resursi@katastar.gov.mk
Во Секторот за управување со човечки ресурси се вршат работи што се однесуваат на:
- управување со човечки ресурси и анализа на работните места;
- администрирање и давање совети од областа на човечките ресурси на сите вработени во Агенцијата;
- изготвување нацрт-општи акти и иницирање постапки за усогласување на општите акти со прописите од областа на внатрешната организација и систематизација на Агенцијата, системот на плати и од областа на работните односи;
- организирање средби и комуникација со средствата за јавно информирање;
- водење евиденција за присутност на вработените, за користењето на паузите, навременото доаѓање и заминување од работа и изготвување извештаи за потребите на материјално-финансиското работење на Агенцијата;
- аналитички работи поврзани со архивските, документационо-техничките и други административни и технички работи.