Раководител: Васил Мишковски, дипл. геод. инженер
Телефон: /
Е-пошта: v.miskovski@katastar.gov.mk
Во Секторот за масовна процена на недвижностите се вршат работи што се однесуваат на:
- внес на податоци во Регистарот на цени и закупнини;
- контрола на податоците содржани во договорите за промет и закуп на недвижности кои се внесуваат во Регистарот на цени и закупнини;
- врши верификација на податоците од секоја трансакција;
- прибира податоци од единиците на локалната самоуправа за висината на стапката на оданочување на прометот на недвижности;
- издава податоци од Регистарот на цени и закупнини на надворешни корисници (физички и правни лица) и професионални корисници (нотарите, приватните геодетски фирми, државните институции, општините, банките и сл.);
- определувањето на моделите и методологиите со кои ќе се изврши масовната проценка и нивно ревидирање на секои четири години; поврзување на моделите за масовна процена со одредена методологија за масовна процена; утврдување и развој на вредносните зони за недвижностите и нивно претставување во ГКИС;
- утврдување на индексот на недвижностите на месечно, квартално, полугодишно и годишно ниво;
- следење и имплементирање на промените во меѓународните стандарди за масовна процена на недвижностите (TEGoVA, IAAO, IVSC);
- врши анализа на податоците од Регистарот на цени и закупнини; групирање и класификација на податоците од Регистарот на цени и закупнини;
- пронаоѓање и класификација на факторите кои влијаат на понудата и побарувачката на недвижности, анализа на вредносниот индекс на недвижности,
- врши компаративна анализа на податоците од Регистарот на цени и закупнини со податоците од базата на проценителите.