Раководител: Бојан Анастасов, дипл. правник
Телефон: (02) 3103 084
Е-пошта: b.anastasov@katastar.gov.mk
Во Секторот за координација на меѓународни и национални активности (AREC International) се вршат работи што се однесуваат на:
- одржување, развивање и унапредување на билатералната соработка со меѓународни организации од областа на геодетските работи, правните работи и катастарот на недвижности;
- следње на европската регулатива и хармонизација на прописите за кои е надлежна Агенцијата со законодавството на Европската Унија;
- координирање и усогласување на активностите за потпишување договори, спогодби и програми за билатерална соработка;
- одржување, развивање и унапредување на билатералната соработка со меѓународни организации од областа на геодетските работи и катастарот на недвижности;
- изготвување анализи, информации, извештаи, осврти и други материјали за состојбите во доменот на билатералната соработка;
- координирање на активностите при учество на АКН во меѓународни проекти што се однесуваат на геодетските работи, правните работи и катастарот на недвижности;
- развивање на политики поврзани со пристап до донаторските фондови, европските фондови и меѓународните институции;
- развивање на политики за имплементација на twinning програми во АКН;
- координација на меѓународните проектите кои се реализираат во АКН преку воспоставување на рутини за доставување на редовни годишни/полугодишни извештаи опд реализацијата на проектите;
- студиско-аналитички и административно-технички работи што се однесуваат на реализирање на меѓународната, билатералната и мултилатералната соработка со меѓународни институции;
- ги координира активностите при вршење на консултантски услуги и обуки во земјата и странство, вклучително и логистичките активности;
- ги организира и администрира постапките од финанскиското работење како и подготовка на техничка/тендерска документација согласно соодветните процедури за јавни набавки ;
- студиско-аналитички и административно-технички работи при спроведувањето на консултантски услуги и обуки во земјата и странство