Сектори во АКН » Сектор за информатички и комуникациски технологии (ИКТ)

Сектор за информатички и комуникациски технологии (ИКТ)

в.д. Раководител: Дончо Каратанев, дипл.елект.инженер
Телефон: 075 402 056
Е-пошта: d.karatanev@katastar.gov.mk

Во Секторот за информатички и комуникациски технологии (ИКТ) се вршат работи што се однесуваат на:

  • обезбедување на непречено функционирање на системот за е-катастар и другите системи во употреба во Агенцијата;
  •  следење на оптовареноста на системот и неговите перформанси;
  •  управување, организирање, креирање и извршување процедури за редовен и периодичен back-up на базите на податоците
  •  подготовка на извештаи директно од базата на податоци;
  • oдржување и мониторинг на базата на податоци за е-катастар;
  • одржување и развој на WEB сајтот и Интранет порталот на Агенцијата;
  • изработка на нови софтверски апликации;
  • тестирање на закрпи за постоечкиот систем;
  • интервенција по поднесено барање за интервенција поврзана со софтверските решенија од страна на останатите сектори во Агенцијата за катастар на недвижности;
  • одржување и мониторинг на постоечките апликациски сервери;
  • анализа на постоечката инфраструктура во поглед на оптоварување на сервисите, давање предлози, сугестии и решенија за подобрување и унапредување на функционалноста и перформансите на инфраструктурата;
  • проектирање, развој и одржување на мрежната и серверската инфраструктура на Агенцијата;
  • oдржување и мониторинг на оперативните системи користени во Агенцијата;
  • креирање и извршување на автоматизирани процеси за постоечките сервери;
  • следење на работата на антивирусните и антиспам активности во мрежата преку мониторинг;
  • проектирање, развој и одржување на е-маил инфраструктурата и е-маил сервисите;
  • интервенција по поднесено барање за интервенција поврзана со непречено функционирање на ИКТ инфраструктурата од страна на останатите сектори во Агенцијата;
  • давање на мислење по однос на изработка на спецификации за приказ и пренос на информации преку интранет и интернет и за други технички
    спецификации од областа на (ИКТ);
  • давање на стручна помош при изготвување на технички спецификации за спроведување на јавни набавки поврзани со работата на
    секторот;