в.д. Раководител: Стојче Галазовски, дипл. геод. инж.
Телефон: (02) 3103 021
Е-пошта: s.galazovski@katastar.gov.mk
Во Секторот за геоматика се вршат работи кои се однесуваат на:
- воспоставување, одржување, управување и развој на графички бази на податоци;
- контрола на квалитет и потврда на квалитеот на податоците при изработка на дигитални катастарски планови и нивна миграција во е-Кат системот;
- изработка на стандардизирани продукти базирани на геопросторни податоци;
- воспоставување, одржување, управување и овозможување на јавен пристап до Националната инфраструктура на просторните податоци;
- креирање, собирање и публикување на метаподатоци;
- имплементирање на стандарди за геопросторни податоци и сервиси во согласност со европската директива INSPIRE;
- примена на современи информациски системи во управување со податоци;
- водење и одржување на регистар на просторни единици;
- воспоставување, управување, одржување и развој на графички регистар за улици и куќни броеви;
- воспоставување, управување, одржување и развој на Графичкиот регистар за градежно земјиште;
- востановување и одржување на катастарот на инфраструктурните објекти кои се протегаат на територија која е во надлежност на два или повеќе сектори/одделенија;
- заверка, одобрување и спроведување на геодетски елаборат за инфраструктурни објекти;
- воспоставување, управување и одржување на регистарот на цени;
- утврдување на методите за масовна процена на недвижностите;
- спроведување на масовна процена на недвижностите;
- индексирање на вредноста на недвижностите по категории и зонирање;
- изготвување на статистички, просторни и економски анализи на пазарот на недвижности;
- издавање на согласност за усогласеност на урбанистичките планови или урбанистичко планската документација, со катастарските подлоги;