в.д. Раководител: Дарко Буровски, дипл. геод. инж.
Телефон: (02) 3103 083
Е-пошта: geodetski.raboti@katastar.gov.mk
Во Секторот за геодетски работи се вршат работи што се однесуваат на:
- проектирање, воспоставување, одржување и обновување на геодетските референтни мрежи;
- управување и одржување на мрежата од активни GNSS станици (МАКПОС);
- одредување на параметри за трансформација на координати од македонскиот државен координатен систем во европскиот ETRS89 координатен систем и обратно;
- поврзување на државните геодетски референтни мрежи со геодетските референтни мрежи од соседните земји;
- извршување на геодетски работи за посебни намени од значење за Република Македонија утврдени од Владата на Република Македонија;
- вршење премер, обележување, одржување и обновување на граничните белези и граничната линија на државната граница на Република Македонија со соседните земји;
- утврдување на промени на запишаниот начин на користење на земјиштето и на катастарските класи на земјиштето;
- изработка на дигитални топографски карти;
- изработка на наменски карти;
- изработка на ортофото планови и ортофото карти;
- скенирање на филмови од авионско снимање;
- аквизиција на дигитални фотограметриски податоци и нивна обработка
- утврдување на исполнетост на условите за издавање на овластување за изработка на картографски производи;
- издавање на согласност за ставање во употреба на картографски производи
- собирање, чување и дистрибуција на просторни податоци;
- архивирање и чување на техничката документација од премерот и катастарот на земјиштето и премерот и катастарот на недвижностите, на оригиналите од геодетските планови, елаборатите од основните геодетски работи и топографските карти;
- издавање на податоци од премерот и катастарот на земјиштето и премерот и катастарот на недвижности, вклучувајќи го и катастарот на инфраструктурни објекти (податоци за точките од геодетските референтни мрежи, податоци прибрани со премерот, податоци од катастарските планови и плановите на инфраструктурни објекти), топографски карти и други картографски материјали, податоци од Регистарот на просторни единици, Графичкиот регистар за улици и куќни броеви, Графичкиот регистар за градежно земјиште, податоци од масовната евалуација на недвижностите и други геодетски податоци.