в.д. Раководител: Милена Кочовска, дипл. правник
Телефон: (02) /
Е-пошта: m.kocovska@katastar.gov.mk
Во Секторот за аналитика и логистика се вршат работи што се однесуваат на:
- изготвување на годишни статистички извештаи за работењето на Агенцијата во однос на подготовките и реализацијата на годишниот план за јавни набавки;
- водење евиденција на потребите од стоки, услуги и работи на ниво на Агенцијата и изготвување на годишни статистички извештаи за планирање на набавките за наредната година;
- развивање и унапредување на методологијата за планирање на јавните набавки;
- изработка на спецификации за јавна набавка за сите области, по потреба и со стучна помош од другите сектори;
- спроведување на постапки за отпис, оттуѓување и расходување на опрема и други средства;
- востановување евиденција и аналитичко следење на извршените градежни работи и изготвување на извештаи за секое одделение поединечно во зависност од спроведените зафати кои се изведуваат; изготвување и следење на реализација на договрите за користење на услуги и податоци од ГКИС;
- водење на ажурна евиденција на неджните ствари на Агенцијата и на другите државни органи;
- следење на реализација на договорите за јавни набавки;
- водење на евиденција за регистрирање, сервисирање, одржување, исправност и извршени поправки на возилата;
- координација на работењето на комисиите за јавни набавки;
- учество во изготвување на план за јавни набавки и спроведување на постапките за јавни набавки;