ГКИС – Геодетско катастарски информационен систем

ГКИС – Геодетско катастарски информационен систем

Геодетско – катастарскиот информационен систем претставува единствен и интегриран информационен систем во Република Македонија, кој овозможува прибирање, обработка, одржување, управување, користење, дистрибуција, издавање и единствен пристап до сите просторни и описни податоци кои се во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности.

Геодетско – катастарскиот информационен систем содржи просторни и описни податоци од катастарот на недвижности, основните геодетски работи, премерот на недвижностите и на државната граница, геодетските работи за посебни намени, податоци за вредноста на недвижностите, топографските карти, регистарот за просторни единици, регистарот на цени и закупнини, графичкиот регистар за улици и куќни броеви и графичкиот регистар за градежно земјиште, како и други податоци значајни за недвижностите.

Податоците од Геодетско-катастарскиот информационен систем се водат и се достапни во електронска и/или во писмена форма.