Целта на проектот СПАТИАЛ II, кој ќе се спроведува во периодот од 1 февруари 2020 година, до 31 декември 2022 година, е да се зајакне професионалниот пристап до информации за недвижностите на земјите од Западен Балкан.
Проектот е дел од претпристапната програма МАТРА и ги поддржу-ва активностите кои ги зајакнуваат односите меѓу Холандија и земјите од МАТРА. Ова е прв проект наменет за подобрување и хармонизација на геопросторни информации меѓу земјите од Западен Балкан.
Организациите вклучени во регистарот на земјиштето и катастарот се клучни во обезбедувањето високо-квалитетни геопросторни информации. Таков е случајот во земјите членки на ЕУ, но и во земјите од Западен Балкан. Овие организации ќе бидат овластени за доставување на просторни информации до општеството.
Проектот ќе придонесе за поддршка на националните агенции за мапирање, катастар и регистар на земјиште во:
- Ефективното управување со геопросторни информации;
- Зголемениот капацитет, способност и трансфер на знаење;
- Интегрираните геопросторни информативни системи и услуги;
- Подобрениот економски поврат на инвестициите;
- Програмите за одржливо образование и обука;
- Препорачаната меѓународна соработка и партнерства;
- Зајакнатиот национален ангажман и комуникација;
- збогатената општествена вредност и придобивки;
Проектот ќе ја поддржи Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија во следните сегменти:
- Регистар на адреси: дефинирање на ланци за снабдување со податоци и испорака и интеграција на податоците;
- Топографски карти: создавање подобри можности за иновации и креативност за да се премости дигиталниот јаз;
- Институционален развој: промовирање на модел на управување за институционално зајакнување на АКН и креирање на бизнис средина за соработка при споделување на податоците со други институции.
Проектот СПАТИАЛ II предвидува три вида активности за подобрување на капацитетот на националните агенции за мапирање и катастар и регистар на земјиште во регионот на Западен Балкан. Ќе бидат подржани:
- Регионални работилници
- Стручни мисии
- Студиски посети на холандскиот катастар.
СПАТИАЛ II е проект кој ќе се спроведува до крајот на 2022 година и ќе придонесе во зајакнувањето на професионалниот пристап до информации за земјиштето во балканскиот регион. Во проектот е вклучена и Република Северна Македонија, преку Агенцијата за катастар на недвижности.
Дополнителни линкови:
- https://eurogeographics.org/news/spatial-ii-project-launch/
- StrengtheningProfessional Access To Information About Land II (SPATIALII) in the Western Balkan region
Обуки: Видео материјали



