Новости



СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Државниот завод за геодетски работи, со цел да излезе во пресрет на домашните бизнис компании, како и да ја подобри меѓусебната соработката, ја прошири постојната телефонска линија за странски инвестиции.

Со ова им се овозможува, на домашните компании, поедноставно и побрзо постапување по нивните барања за користење на катастарските услуги и катастарските податоци, од страна на подрачните одделенија за катастар на недвижности и Секторот за катастар на недвижности- Скопје.

Бројот на проширената телефонска линија е (02) 3 17 17 33 и истата е отворена секој работен ден 09:00 до 12:00 часот, почнувајки од 19.11.2007 година.
Телефонската линија функционира со едноставно бирање на горенаведениот телефонски број, на кој се оставаат бројот на предметот и одделението односно секторот каде е поднесено барањето. Државниот завод за геодетски работи  го задржува правото да направи селекција за постапување по барање на странка.

Со оваа услуга, се отвара можност да се интензивира и да се забрза процесот на реализирање на барањата на домашните бизнис компании, за кои е надлежен Катастарот.

Дополнителни информации може да се добијата на веб порталот на ДЗГР(www.katastar.gov.mk)

Веруваме дека со воведување на новините во нашата работа, во понатамошниот период, ќе бидеме дел од решенијата, а не дел од проблемите.

 

15 ноември 2007

 

горе