Приватна геодетска пракса

Список на овластени приватни геодети

За поуспешно и ефикасно решавање на проблемите на граѓаните со закон воведена е приватна геодетска пракса, преку основање на приватни геодетски трговски друштва за геодетски работи и трговци поединци – овластени геодети.
Приватните овластени геодети, согласно Законот, ги вршат оперативните теренски геодетски работи кои се однесуваат на установување и одржување на премерот и катастарот на недвижностите. Во делокругот на нивното работење спаѓаат, помеѓу останатото, и:

  • Делба на парцели;
  • Спојување на парцели;
  • Снимање на промените настанати со изградбата и доградбата на  објекти;
  • Подготвување на нумерички податоци;
  • Изработка на геодетски елаборати за запишување на права;
  • Геодетски елаборати од извршени геодетски работи за посебни намени;
  • Вештачења.

За да се стекне со звањето овластен геодет физичкото лице мора да исполнува одредени услови пропишани со закон, како и да има положен испит за овластен геодет.

Висината на надоместокот за извршени услуги го утврдуваат трговското друштво за геодетски  работи и трговците поединци – овластени геодети, според обемот и сложеноста на работата, оддалеченоста и теренските услови, за што се склучува договор со барателите на геодетските работи.

горе