12/06/2008
Нова Интернет услуга на Катастарот
Државниот завод за геодетски работи ги споделува податоците со своите корисници и ја промовира новата интернет услуга - приказ на топографски карти и авионски фото снимки на веб страната на Катастарот , преку која може да се врши пребарување , прегледување и преземање на геопросторните податоци . Новата услуга овозможува пребарувања по општини и по населени места и дава преглед на топографски карти во размер од 1: 1 000 000 до 1: 25 000, како и орто - фото карти за Скопје и за Прилеп во размер 1: 1000.
Овој сервис е наменет за физички и за правни лица , за приватни геодетски фирми , органи на државната управа , владини и невладини институции како и за останати корисници .
За да може да се користат придобивките на новата интернет услуга , треба да се посети веб страната на Катастарот www.katastar.gov.mk . Со кликнување на линкот Нова интернет услуга - приказ на топографски карти и авионски фото снимки може да се добие увид во бараните информации .
ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ