Основната цел на Проектот „Катастар на недвижности и регистрација“ е да се изгради еден ефикасен и ефективен систем на катастар на недвижности и регистрација, со што ќе се допринесе кон развојот на ефикасни пазари на земјиште и недвижности на територијата на Република Македонија.
Проектните активности ќе бидат фокусирани кон :
Очекуваните резултати до завршувањето на Проектот :
Проектот се состои од четири компоненти :
1. Комплетирање на Катастарот на недвижности и запишуавње на правата - Оваа компонента ќе го поддржи комплетирањето на катастарот на недвижности и регистрирањето на правата во сите урбани и полу-урбани средини во Република Македонија. Компонентата вклучува две поткомпоненти : (i) оперативна поддршка на комплетирањето на КН, поддршка на систематското излагање и регистрирање на правата на сопственост и рационализација на процедурите на регистрација; и (ii) Кампања за јавно информирање.
2. Институционален развој и подобрување на услугите - Целта на оваа компонента е ДЗГР да се трансформира во една модерна и ефикасна национална агенција за катастар и регистрација и да се подобри давањето на услуги во сите подрачни канцеларии. Оваа компонента вклучува : (i) институционален развој на ДЗГР кој ќе се фокусира на развивање на ДЗГР како ефикасна агенција ориентирана кон пружање на јавни услуги со цел да се оддржува преку само-финансирање; (ii) промовирање на транспарентноста и одговорноста преку издавање на "листа на права на корисниците", воспоставување на директна телефонсака линија за примање на поплаки на корисниците и зајакнување на внатрешната контрола за случаите на корупција и незаконско работење; (iii) подобрување на услугите на регистрација и услугите во врска со секундарните трансакции; (iv) развивање на автоматизиран систем на катастар и регистрација; и (v) едукација и тренинг за вработените во ДЗГР, како и за геодетите од приватниот сектор.
3. Развој на земјишна политика - Преку оваа компонента ќе се даде поддршка на владиниот капацитет да креира и развива политики потребни за обезбедување на комплетирањето на катастарот на недвижности и целосното функционирање на пазарите на земјиште и недвижности преку: (i) развивање на владините капацитети за координирање на креирањето на политики за земјиште и недвижности преку консултативни процеси; и (ii) формулирање на специфични земјишни политики и политики на недвижности кои се неопходни за комплетирање на катастарот на недвижности и за целосното функционирање на пазарите на земјиште и недвижности.
4. Управување на Проектот - Компонентата вклучува: (i) поддршка на ДЗГР за управување на Проектот преку финансирање на трошоците на Единицата за управување на Проектот вклучувајќи договорно ангажирање на персонал; и (ii) мониторинг и евалуација на Проектот.
За имплементација на Проектот обезбеден е заем од страна на Светската банка во износ од 10.3 милиони евра. Имплементацијата на Проектот е започната во јуни 2005 година.
Проектот „Катастар на недвижности и регистрација“ е имплементиран од страна на Државниот завод за геодетски работи со сите 29 подрачни Одделенија за премер и катастар и Секторот за премер и катастар - Скопје, а формирана е и Единица за управување со Проектот (ЕУП), како главно координативно и извршно тело на Проектот.