Тековни проекти

Зајакнување на институционалните капацитети на Државниот завод за геодетски работи во Македонија

Детални информации
Линк кон сајтот на проектот www.sws.katastar.gov.mk

Должејќи се на својата тешка историја во изминативе 60 години, законскиот статус на сопственоста и употребата на земјиште во ПЈР Македонија е често нејасен, како што е и случајот во многу од нејзините соседни земји. За време на прогласувањето на независнот во 1991 година, околу 70 проценти од земјоделското земиште беше во приватна сопственост. Како дополнение, Законот за Земјоделско Земјиште, донесен во 1998 година, овозможува постоење на приватни сопственици на земјоделско земјиште. Урбаното земиште е сеуште во сопственост на државата, како резултат на социјалистичкиот период, иако приватна сопственост на урбано земјиште е сега овозможена со параграф од Законот за Урбано Земјиште (Градежно Земјиште) од 2001 година. Довербата во регистрацијата и катастарските записи е ниска бидејќи записите се значително застарени. Правото на сопственост во моментов не е регистрирано конзистентно во ниедно централно место. Нотарите чуваат записи од трансакции во кои тие биле вклучени, но овие информации не се достапни за широката јавност. Судските регистри се користат единствено за запишување на хипотеки во области каде катастри за недвижен имот се уште не се формирани. Во области каде овие катастри се веќе оформени, сопственоста и хипотеките се регистрираат во катастрите, но ова го има во само 45 проценти од земјата. Поради проблеми со капацитетите, системот на катастар за недвижен имот е поврзан со долг период на трансакција и високи трошоци. Овој недостаток на доверба, потешкотии предизвикани од нецелосни записи и бавно пружање на услуги има негативни ефекти врз инвестиции во приватниот сектор и севкупниот развој на економијата: многу земјишни трансакции не се регистрирани и катастарските и другите записи (судски, нотарски) се нецелосни и застарени, што доведува до несигурност и недостаток на доверба во пазарите на сопственост. Друга директна последица од нејасните права на сопственост се ограничувањата на финансирање на залог и хипотека, што им отежнува на граѓаните да стават хипотека и да извршат трансакција на својата сопственост. 

Во Република Македонија постои Закон за Премер, Катастар и Регистрација на Недвижен Имот, кој датира од 1986 година, и беше подложен на промени во 1991 година. Овој закон создава основа за поседување на земјиште и регистрација на права на соственост и вклучува голем број функции кои се неопходни за солиден и сигурен систем на катастар и регистрација на недвижен имот. Според сегашиот Закон, ДЗГР ја работеше теренската работа за одржување на катастарот како и за геодетски работи за специјални намени со што имаше монопол врз посебните геодетски работи. Со новиот закон се планира овие активности да се извршуваат од страна на правни лица регистрирани за приватна геодетска работа со претходно одобрување и работна дозвола издадена од ДЗГР. На овој начин ќе се овозможи побрз, поефикасен и поефтин начин на воспоставување на Катастар за недвижен имот на Република Македонија, што ќе придонесе за подобрена доверба во законскот систем. Поточно, проектот ќе го поддржи проширувањето на услугите на јавниот сектор, помагајќи го развојот на приватниот сектор и зајакнувајќи ги управувачките капацитети во ЕУП на СБ и проектот на ДЗГР, подобрувањето на стручните капацитети за катастар и регистрација, кои ќе бидат доволно обучени за развој на катастарот за регистрација на земјиште. 

Вклучени страни:

Република Македонија
Државен Завод за Геодетски Работи
Трифун хаџи Јанев бб
1000 Скопје
Тел. +389 3 171 665
Факс +389 3 171 668

Шведска
Swedesurvey AB
http://www.swedesurvey.se

Лого - Swedsurvey

горе